Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, не беше целосно задоволен од перформансите на тимот во синоќешниот меч од Лигата на Европа против Аполон (Лимасол). „Лацијалите“ славеа со 2-1 на „Олимпико“, но тренерот имаше многу забелешки, особено за второто полувреме.
„Жал ми е што не постигнавме уште еден гол и го вративме Аполон во игра. Сакавме да почнеме со победа и тоа го направивме. Ми се допадна начинот на кој го започнавме натпреварот што беше прв за многу наши играчи. Во втората половина, сепак, мораше да играме подобро. Нашата група не е толку лесна. Ајнтрахт е многу силен тим, а Марсеј лани беше финалист“, изјави ИНзаги.