Џенаро Гатузо, исто така изјави дека е задоволен од минималната победа на Милан од 1:0 на гостувањето кај Диделанж, иако тимот имаше простор да го реши овој меч и многу поубелидво.
„Ми се допадна ставот на тимот. Можевме да го потврдиме победникот уште многу порано, но натпреварот излезе потежок отколку што сакав. Им дадов шанса на многу играчи и го постигнавме саканиот резултат. Не постои нешто како сигурен резултат во фудбалот. Ние сме задоволни со победата, но искрено мислам дека Игуаин требаше да постигне хет-трик“, изјавил тренерот на Милан по вчерашното гостување во ЛЕ.