Дефанзивецот на ПСЖ, Тиаго Силва, може да се врати во Италија веќе следното лето, ако се остварат најавите дека ќе го раскине договорот со екипата на ПСЖ.
Како што објавија дел од француските медиуми, Бразилецот има договор со парижани до летото 2020 година, и веројатноста за неговата продажба на крајот на сезоната ќе се зголеми значително, ако во блиска иднина страните не се договорат за продолжување на договорот.
Неколку италијански клубови ја следат целата ситуација со него и очекуваат вести за развојот околу потпишувањето на новиот догоор.Јувентус, Наполи, Рома и Милан се заинтересирани за враќање на играчот на Апенините, откако тој веќе играше за Милан во периодот од 2009 до 2012 година.