Серхио Агуеро потпиша ново едногодишен договор со Манчестер Сити кој ќе го обврзе да остане во тимот до 2021 година. Аргентинецот е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата и мисија на управата на Сити беше да го обврзе на верност што е можно подолго.
„Тој беше толку важен за овој клуб од неговото доаѓање во 2011 година и тој останува во првите редови на она што сакаме да го постигнеме во наредните години. Среќни сме што го имаме еден од најдобрите напаѓачи во светот во нашиот клуб толку многу години и сигурен сум дека нашите фанови ќе бидат воодушевени од оваа вест”, изјави Бегиристајн, директорот на Сити.