Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јиргнен Клоп, потврди дека Роберто Фирмињо ќе биде во првата постава на утрешниот меч со Саутемптон предвиден во рамките на Премиер лигата на Англија. Бразилецот кој доби повреда на окот пред една недела, деновиве влезе како резерва на мечот со ПСЖ во ЛШ и го постигна победничкиот гол. Запрашан дали враќањето на Фирмињо ќе го седне Даниел Стариџ на резeрвната клупа, Клоп одговорил.
„Даниел навистина одигра фантастичен натпревар. Не чекаат многу средби и убаво е да знаеме дека можеме да го користиме. Фирмињо и Стариџ може да игра заедно, тоа се случило а може да се случи и во иднина“ – рече Клоп кој се осврна и на формата на Мохамед Салах.
„Тој навистина одигра фантастично во последните натпревари. Мислам дека е во посакуваната форма а головите ќе си дојдат“ – потенцираше германскиот тренер на клупата на „црвените“.