Носителите на вкупно 34 титули од Гренд слем сериите. Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ загубија првиот натпревар како тандем. 37-годишниот Швајцарец и 31-годишниот Србин беа совладани од Кевин Андерсон и Џек Сок со 7:6 (5), 3:6 и 6:10 во шампионскиот тајбрејк во дуел од „Лејвер Купот“.
Возбудата во „Јунајтед центарот“ во Чикаго ќе продолжи вечерва, со дуелите Зверев – Иснер, Федерер – Кирјос и Ѓоковиќ – Андерсон. Во двојки Сок овој пат за партнер ќе го има Кирјос, а ќе им се спротивстават Гофан и Димитров.