Поранешниот фудбалер и ѕвезда на светскиот фудбал Дејвид Бекам, имал прелиминарни разговори со Зинедин Зидан за можната работа во клубот од МЛС лигата – „Интер Мајами”.
Бекам, кој го поседува клубот, сака да го види францускиот тренер како главен тренер. „Интер Мајами” ќе започне да игра во МЛС од 2020 година. Да потсетиме, во јануари, МЛС официјално го објави вклучувањето на клубот од Мајами во лигата. Тимот ќе настапува на стадионот во центарот на градот, наменет за 25 илјади гледачи. Изградбата на арената, според американските медиуми, ќе чини 200 милиони долари.
Претходно, Бекам рече дека очекува да го убеди на овој потег и Лионел Меси, но дали ќе успее во тоа останува да видиме. Исто така, не беше исклучено дека Зидан, кој го напуштил Реал Мадрид по крајот на сезоната 2017/18, ќе го предводи Манчестер Јунајтед во случај на отпуштање на Жозе Мурињо.