Менаџерот на Арсенал Унај Емери откри дека Сократис Папастатопулос треба да ги добие првичните резултати од скенерот по повредата на коленото, а тоа треба да се случи во текот на денешниот ден.
30-годишниот напаѓач беше повреден за време на победата од 2:0 против Евертон, меч кој се одигра вчера.
Отсуството на грчкиот интернационалец може да биде голем удар за Унаи Емери затоа што веќе во среда тимот го очекува натпревар во „Карабао купот“ на домашен терен против Брентфорд. Поради повреди Емери не може да смета на Јенкинсон, Колашинац, Кошчиелни, Меитланд-Наилс, Мавропанос и Сократис.
Клубот од Северен Лондон го очекуваат настапи во Лига Европа, Премиерлигата и „Карабао купо“, па секој играч му е важен, но очигледно за враќање на дел од повредените ќе мора да почекаат.