Фудбалерот на Ливерпул, Џејмс Милнер, му честиташе на соиграчот, Мохамед Салах, кој вчера на гала свеченост ја доби наградата од ФИФА – „Ференц Пушкаш“ која се доделува за најубав постигнат гол во претходната сезона во сите конкуренции.
Египѓанецот се израдува на спомената награда благодарение на погодокот на средбата со Евертон во Премиер лигата иако според многумина фудбалските личности, неговиот погодок не е најубавиот во прикажаната конкуренција. Во тој правец поранешниот играч на Тотенхем, Рајан Мејсон, упати критики за изборот за гол на годината.
„Наградата на ФИФА со името на Пушкаш го загуби авторитетот. Му припадна на Салах за гол кој не беше најубав дури и во Премиер лигата. Како може да биде игнориран спректакуларниот погодок на Бејл во финалето во лигата на шампионите ” – напиша Мејсон на” Твитер “.