Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го пофали младиот Фил Фоден кој блесна на вчерашниот меч со Оксфорд одигран во рамките на Лига Купот на Англија.
18-годишниот фудбалер кој учествуваше во акциите за првите два гола, успеа и самиот да се запише во листата на стрелците.
„Начинот на кој го прослави неговиот прв гол за клубот беше како да постигнал погодок во финале на светско првенство. Сонувам тој да биде тука во наредните 10 години и да игра редовно, верувам дека тоа ќе се случи” – изјави Пеп.