УЕФА и официјално потврди дека ВАР технологијата влегува во Лигата на шампионите од следната сезона. Европската фудбалска унија потврди дека иновацијата која своето деби го имаше и на светското првенство во Русија ќе почне да се применува и во најсилното и најскапото светско клупско натпреварување.
Исто така, ВАР технологијата ќе се користи и за време на одигрувањето на Супер Купот на УЕФА во 2019 година, во зваршната фаза на ЕП 2020 година, како и во Лигата на Европа од сезоната 2020/21. Во Лигата на нациите, ВАР системот ќе почне да се применува од 2021 година.