Федерацијата на боречки спортови на Македонија денеска со посебна церемонија во СЦ Борис Трајковски во Скопје, го најави проектот – „Развој на борењето“. Пред бројни гости од светското борење беше презентирана дел од опремата која подоцна ќе им биде донирана на нашите клубови. За значењето на проектот проговори и првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.
„Со боречката федерација започнавме еден проект за донирање на опрема на боречките клубовите. Станува збор за навистина прекрасен проект кој кореспондира и со сите наши кои се наменети за подигање на стандардите кај клубовите. Целосно и активно сме вклучени во соработка со федерациите за да направиме одлични услови за работа кои на подолг рок треба да донесат значајни резултати за македонскиот спорт“ -рече Каевски.
„Нашата цел е да го вратиме борењето на победничките патеки и повотрно да се радуваме на медали од големите натпреварувања како и од Олимписките игри. Им благодарам на сите што ни помогнаа да ја набавиме опремата која ќе им биде донирана на нашите клубовите“ -потенцираше првиот човек на мак-борењето, Бетим Вранези.