Хрватскиот фудбалски тренер Славен Билиќ беше назначен за тренер на тимот Ал-Итихад од Саудиска Арабија.
Билиќ потпиша 3-годишен договор со двојниот победник во Азиската шампионска лига, кој сепак ја започна новата сезона во домашното првенство со 3 порази од 4 натпревари.
Поранешниот тренер на хрватската репрезентација беше без тим од ноември минатата година, кога беше отпуштен од Вест Хем Јунајтед. Во својата кариера тој, исто така, ги предводеше турскиот Бешикташ и рускиот Локомотив Москва.
50-годишниот Славен Билиќ ќе го замени на оваа позиција аргентинецот Рамон Диас.