Фудбалерот, Еден Азар, кој можеби ќе го продолжи договорот со Челзи со далеку подобри финансики параметри во однос на претходниот, вели дека се чувствува добро, бидејќи е рамо до рамо со Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
„Се обидувам да го правам тоа што можам кога сум на теренот.Јас сум истиот играч каков што бев и пред две или три години. Сега само давам повеќе голови и затоа секој зборува за мене дека сум во Топ 3. Само сакам да продолжам по истиот пат. Мојата цел е да освојувам трофеи. Минатата сезона го освоивме ФА Купот. Знаеме дека во Премиер лигата ќе биде тешко, бидејќи Манчестер Сити и Ливерпул се многу добри тимови и поседуваат многу добри фудбалери“ – вели Азар.
„Ќе се обидеме да го покажеме најдоброто. Не е значајно колку голови ќе постигнам – тоа не ме интересира. Јас само сакам да се насладувам на фудбалот и да победувам” – изјави играчот на Челзи.