Напаѓачот на Манчестер Сити Серхио Агуеро постигна гол во победата над Брајтон од 2:0 во 7-то коло од Премиер Лигата.
Тоа беше неговиот 148 гол во дресот на „граѓаните” во Премиер Лигата. Аргентинецот се изедначи според овој показател со поранешен напаѓач на Њукасл Алан Ширер кој исто така има постигнато 148 гола.
Пред нив има двајца играчи – Вејн Руни (Манчестер Јунајтед – 183 гола) и Тиери Анри (Арсенал – 175). Останува на Агуеро во продолжение од сезоната да се искачи сам на третата позиција, но и да ја намали разликата со водечката двојка.