Тренерот на Реал Мадрид, Јулен Лопатеги, по дербито со Атлетико Мадрид кое заврши со резултат 0:0 рече дека тимот покажа добра игра и покрај фактот што не можеа да постигнат гол.
„Зошто Реал не победи, бидејќи не можевме да постигнеме гол. Генерално покажавме добар фудбал, особено на крајот од првото полувреме, а вториот дел Атлетико напрваи неколку шанис пред се по наши грешки, а не по нивните акции. Имам позитивно чувство иако тимот е втор на табелата и втор натпревар без да постигне гол, сепак покажавме добар фудбал”, изјави Лопатеги за весникот „AC“.