Барселона го има најлошиот почеток на една сезона ако се погледне начинот на кој игра дефанзивната линија во тимот. Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека Барса ја има најлошата одбрана во последните 13 сезони.
Против Атлетик Билбао, тимот повторно бркаше резултат и на крајот извади само реми. Ова беше петти последователен натпревар во кои Барселона прима гол, а од стартот на сезоната тимот веќе прими 7 погодоци. Последен пат вакво нешто се случи во сезоната 2005/2006, кога тимот беше предводен од Франк Рајкард.
Суперѕвездата на тимот Лионел Меси исто така, изрази незадоволство од играта во одбрана, па тренерот Валверде ќе треба да преземе мерки.