Германскиот шампион Баерн Минхен се подготвува за следниот натпревар во вториот круг од Лигата на шампионите против екипата на Ајакс, но Нико Ковач се уште не знае на кого се ќе може да смета за овој меч.
„Во Лигата на шампионите, сакаме да ги освоиме сите три бода и на овој меч и полека да започнеме да се подготвуваме смирено за секој следен меч. Тимот е тој, ќе видиме кој ќе игра пред самиот меч“, изјавил 46-годишниот тренер на германскиот шампион.
Поголемиот дел од тимот вчера работеше индивидуално, па тоа остава сомнеж кој од рековалесцентите е подготвен за настап. Милер, Гнабри, Хименез, Хумелс, Вагнер и голманот Свен Улрајх се на листата на неизвесни.