Поранешниот фудбалер на Челзи и на англиската репрезентација, Франк Лампард, верува дека Жозе Мурињо ќе ја преброди кризата во Манчестер Јунајтед и дека ќе успее да се врати на победничките патеки.
Португалецот и „црвените ѓаволи” освоија само десет бодови во првите седум натпревари што претставува нивни најлош почеток во една сезона во Премиер лигата. Лампард, кој играше под водство на Мурињо во Челзи, изјави, дека жали за случувањата со неговиот поранешен менаџер.
„Секој знае како размислувам за Мурињо. Тој се наоѓа во тежок момент. Мурињо е голем човек и ќе се справи со ситуацијата. Односите со фудбалерите не се лесни. Тие треба да ти веруваат“ – додаде поранешниот играч на Челзи.