Во текот на денов ќе бидат реализирани воведните мечеви во второто коло во групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Понудата започнува од 18.55 со мечевите Хофенхајм-Манчестер Сити и Јувентус-Јанг Бојс.
„Граѓаните“ по поразот од Лион ќе мораат на поправен кај германците додека Јуве без суспендираниот Роналдо, ќе ја има фаворитската улога на мечот со Швајцарците. Во терминот од 21.00 часот ќе бидат одиграни 6 средби. АЕК ќе биде домаќин на Бенфика, Рома ќе игра со Викторија Плзен, Баерн Минхен против Ајакс, бранителот на тронот Реал Мадрид ќе гостува кај ЦСКА Москва. Лион кој изненади со триумфот кај Сити денеска ќе биде домаќин на Шахтјор додека Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Валенсија.
Средбите од Лигата на фудбалските шампиони ќе може да се следат во специјализирани термини и на програмата на Спортско радио 90,3