Барселона ќе го одигра својот 300-ти натпревар од Лигата на шампионите, а то аќе се случи утре, кога ќе се соочат со Тотенхем на „Вембли“.
Каталонците одиграа 3 натпревари без победа во „Ла Лига“ и сега ќе се обидат да се вратат на победнички пат, но тоа сигурно нема да им биде лесно против сериозниот тим на Маурисио Почетино.
Првите 46 натпревари на тимот во натпреварувањето под името „Купот на европските шампиони“ е во периодот 1959-1992, а останатите 255 (има 2 и од квалификациите) се во Лигата на Шампионите.
Балансот во овие натпревари е 176 победи (26+150), 67 нерешени (9+58) и 56 порази (11+ 45). Покрај тоа, тимот може да дојде до уште еден јубилеј, а тоа е границата од 600 гола во ова натпреварување, за тоа им е потребно да постигнат само уште 2 гола, откако до моментов имаат 598 (87+511гола). Досега примиле 288 гола (42+246).