Фудбалерот на Арсенал, Дани Велбек, може да ги напушти лондончани во наредното лето откако ќе му заврши тековниот договор.
Тој доколку во наредниот период не потпише нов, тогаш ќе може веќе од 1 јануари да започне преговори со друг состав. Според „Мирор“, Велбек кој досега даде 4 голови и пружа забележителни партии треба да остане во тимот.
Затоа се верува дека раководството ќе направи нов обид да го убеди да остане со далеку подобри услови. 27-годишниот фудбалер кој имаше и серија на повреди и не играше извесен период потенцирал дека сака да остане во тимот.