Академија Пандев, Беласица, Шкендија, Македонија ЃП, Победа, Работнички и Силекс му се придружија на Кораб во 1 /4 финалето во фудбалскиот Куп на Македонија.
Академија иако загуби од Брегалница Штип со 1:0 имаше убедлива предност од првиот меч од 6:2. Беласица го совлада Пелистер со 3:1 и со вкупни 5-1 оди понатаму. Шкендија успешно помина кај Кит Го во Пехчево славејќи со 5:0, претходно во Тетово беше 2:0 за домаќинот.„Лавовите“ од Ѓорче го победија Вардар со 2:1 и покажаа дека не случајно одиграа во првата средба 1:1.
Прилепчани немаа проблеми со Гостивар, денеска славеа со 4:1 а беа подобри и во првиот дуел со 2:1. Силекс исто така со двете победи против Скопје, денеска 2:1 и во првиот меч 2:0, го продолжи патот кон победничкиот пехар. Во трката за него остануваат и „романтичарите“ откако во реваншот дома одиграа со Тиквеш 1:1. Пресуди нивната победа од 1:0 на првиот меч во Кавадарци .Кораб немаше противник во 1 /8 финалната фаза.