Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, е под силен притисок по очајниот старт на новата сезона. Според информација на дел од шпанскиот печат, во Реал веќе почнале да размислуваат за ново тренерско име.
Лопетеги веќе го споредуваат со Рафаел Бенитез, кој пред повеќе од две години не успеа да се најде на чело на “белите”, а подоцна беше заменет од Зинедин Зидан. Претпоставка е дека доколку тимот доживее ново разочарување и при претстојното гостување на Депортиво Алавес, раководството на актуелниот европски клупски шампион ќе почне да контактира со можните наследници на клупата.