Италијанецот Марио Балотели повторно не беше вклучен во составот на Ница. „Супер Марио“ пропушти голем дел од предсезонските подготовки на тимот поради сагата со негово преселување во тимот на Олимпик Марсеј.
Подоцна, Балотели се вклучи во процесот на тренинг на Ница и неговата физичка состојба беше далеку под нивото на професионален спортист. Ова значи дека Италијанецот ќе го пропушти натпреварот на неговиот тим предводен од Патрик Виера против Толус кој се игра во утревечер.
„Не се сомневам дека Марио сака да се најде во најдобра форма. Тој ги има сите квалитети за тоа. Треба да биде трпелив и да работи напорно. На последните тренинзи се однесува добро. Очекувам многу од него. Истото важи и за Данте, многу очекувам од нив, тие се лидери на тимот”, изјави Патрик Виеира на рес-конференцијата одржана денес.