Нашиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми по вчерашната победа на неговиот Динамо Загреб на теренот на Андерлехт во групната фаза во Лигата на Европа, потенцира, дека е презадоволен од досегашните резултати.
„Покажавме дека сме европска екипа, победата е сосема заслужена. Потврдивме дека триумфот против Фенербахче не беше случајност“ – вели играчот на хрватскиот тим.
„Не сакаме многу да размислуваме за тоа што не очекува во Европа. Наредниот меч е против Трнава, екипа која не смее да се потцени“ – потенцираше Адеми.