Италијанскиот првак Јувентус отворено застана зад Кристијано Роналдо по повод случајот во кој е обвинет за силување.33-годишниот Португалец е под сомнение дека во Лас Вегас извршил насилен сексуален акт врз 34-годишната Катрин Мајорга..
„Кристијано Роналдо покажа во последниве месеци неверојатен професионализам а тоа е високо оценето од сите во Јувентус. Сомнежите кои се појавуваат од пред 10 години нема да го променат нашиот однос кон големиот шампион“, истакнаа од Јувентус.
Роналдо поради случајот е изоставен од списокот на португалскиот селектор за претстојните мечеви додека неговите спонзори најавија дека ќе размислат дали ќе ја продолжат соработката.