Фудбалерите на Манчестер Сити во претходната сезона додека патуваа кон стадионот – „Енфилд“, имаа проблеми со навивачите на Ливерпул.
Тогаш нивниот автобус беше нападнат од страна на домашните фанови кои уништија поголем дел од прозорците на возилото. Затоа сега полицијата најави дека ќе преземе посебни мерки и дека во континуитет ќе го обезбедува до стадионот.
Згора на тоа сите расположливи камери низ градот ќе бидат насочени на трасата по која ќе поминува автобусот со играчите на Сити за да се регистрираат евентуалните инциденти и да се откријат потенцијалните сторители.