Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген, нема да се врати во игра во речиси 6 недели, потврдија дел од медиумите во Англија
31-годишниот фудбалер кој заработи потешка повреда на првенствениот меч со Хадерсфилд, мораше да го пропушти дуелот со Барселона во Лигата на шампионите.
Вертонген сигурно нема да игра против Кардиф Сити, Вест Хем, Манчестер Сити, Вулверхемптон и Кристал Палас во Премиер лигата како и на мечот со Вест Хем во Лига Купот. Тој ќе ги пропушти и двете средби со ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите.