Централниот напаѓач на Атлетико Мадрид Диего Коста ќе се паузира 2 до 3 недели поради повредата која ја доби на мечот со Бриж во Лигата на шампионите, објавија од клубот.
Шпанскиот репрезентативец се жали на повреда на левиот бутен мускул. Тој ќе го пропушти неделниот натпревар против Бетис, како и дуелите на Шпанија против Велс и Англија. Овој фудбалер кој е роден бразилец не се најде на списокот на селекторот Луис Енрике, но тоа се случи откако тој дозна дека нема да биде здрав.
По две недели Атлетико гостува на Виљареал во средба од Ла Лига, па е многу веројатно Коста да не биде подготвен и за овој дуел. По враќањето во клубот, Диего Коста беше повреден вкупно 32 дена.