Тренерот на фудбалерите на Челзи, Маурицио Сари, потенцира дека неговите избраници одиграле одлично на гостувањето кај Саутемптон во рамките на 8 коло во Премиер лигата и дека сосема заслужено ги освоиле бодовите. „Сините“ откако победија со 3:0, се изедначија со Ливерпул и Манчестер Сити на врвот на табелата. Сите три екипи имаат по 20-ет бодови.
„Очекував да одиграме на победа. Ја имавме контролата на играта и создадовме повеќе шанси. Јас така го замислувам фудбалот“ – вели италиајнскиот стратег.
„Можеме да ја подобриме нашата игра во одбраната, исто така имаме и други опции во нападот. Мило ми е за Алваро Мората. Тој добро играше во Лигата на Европа а истото го направи и на мечот против Саутемптон. Мислам дека сега ќе му биде полесно ” – рече Сари.