Водечкиот тим во Бундеслигата Борусија Дортмунд е тимот кој ужива најголема просечна посетеност на домашните натпревари од почетокот на сезоната, покажаа истражувањата на „Transfermarkt“.
„Жолто-црните” се видени во живо од 79 608 луѓе во просек при секој свој натпревар на „Сигнал Идуна Парк”.
На второ место на листата се наоѓа шампионот на Германија Баерн Минхен, на чиј натпревари на „Алијанц Арена” се собираат по 75 000 гледачи. Челната тројка во оваа класификација на посетеност е надополнета од англискиот Манчестер Јунајтед, кој игра пред 74 462 гледачи во просек на „Олд Трафорд”.
Меѓу шпанските тимови најмногу гледачи собира Барселона – по 69 580, а на оние натпревари на Реал Мадрид се присутни по 63 505. Последниот тим меѓу најдобрите шест е германскиот Шалке со 61 571 гледачи во просек на натпревар додека средбите на Тотенхем на „Вембли” ги следат во просек по 60 584 гледачи.
Во Италија, Интер е тимот кој има најмногу гледачи на трибините, а според истото е на 11 место. Гигантот од Милано е гледан од 57 528 гледачи на домашните натпревари на „Џузепе Меаца” и е единствениот претставник од Италија во Топ 25 во Европа. На неколку места пред Интер се Херта Берлин, Арсенал и Бенфика, кои се точно на границата од 60 000 гледачи.
Олимпик Лион е најпосетениот тим во Франција и се наоѓа на 18-то место, а во Русија е Зенит, кој е 17-ти. Шампионот на Англија Манчестер Сити е на 14-то место меѓу европските тимови, а шампионот на Франција – Пари Сен Жермен, е 21-ви, додека првакот на Италија Јувентус го зазема едвај 31-то место, но сепак капацитетот на нивниот стадион е далеку под оној кој го имаат водечките на оваа ранглиста.