Лекарите во Ливерпул се надеваат дека играчот од средниот ред, Џејмс Милнер, по повредата на задниот дел од бутот, добиена на натпреварот во Премиер Лигата со Манчестер Сити, ќе се врати на терените најдоцна за еден месец.
Последните информации од клубот велат дека Милнер има мало кинење на задниот мускул. Тоа значи дека 32-годишниот играч за врска ќе биде принуден да ги пропушти натпреварите во Премиер Лигата против Хадерсфилд и Кардиф, како и мечот со Црвена Звезда од ЛШ.