Италијански Милан не ја отфрла можноста Златан Ибрахимовиќ, сепак, да се врати во Милано.
„Златан може да му помогне на секој тим и на 37 години. Сега треба да им се пријде полека на работите и да не заборавиме на финансискиот ферплеј”, изјави спортскиот директор на клубот, Леонардо.
Бразилецот играше со Ибра во ПСЖ и иако пред една недела дека Ибра во Милан е невозможна мисија, сега работите очигледно се променија.
„Нормално е дека се уште постои врската меѓу нас. Сакаме да изградиме силен тим, но во моментот трансфер пазарот е затворен“, дополнил Леонардо, префрлувајќи ја топката кон почетокот на новата година.
Ибра има договор со Лос Анџелес Галакси, но не би имал ништо против во време на паузата меѓу првенствата да се врати во Европа.