Џо Гомез е еден од најдобрите централни фудбалски дефанзивци во англиската Премиер лига, вели неговиот соиграч од Ливерпул – Трент Александар-Арнолд. „Црвените” досега се без пораз во првенството а примија само три гола.
„Гомез покажува дека е еден од најдобрите во сезонава. Тој е млад а веќе доминира на неговата позиција гледано од сите во Лигата. Односот со (другиот централен дефанзивец) Виргил ван Дајк е навистина посебен. Тој е како негов помал брат “, изјави Александар-Арнолд за официјалниот сајт на Ливерпул.
21-годишниот Гомез, кој е поранешен фудбалер на Чарлтон, премина кај „црвените“ пред три сезони.