Селекцијата на Германија повторно загуби, овој пат на гостувањето кај Холандија во рамките на Лигата на нации.
Веднаш почнаа шпекулациите дека е можнен отказ за селекторот на Германија, Јоаким Лев, но голманот на репрезентацијата Мануел Нојер уште еднаш потенцираше дека и покрај се тие може да се вратат на победите. Според него, германија имапа големи шанси и да победи на оваа средба.
„Ние можевме да го добиеме натпреварот и се да биде во наша корист , но тоа можеше да случи доколку бевме прецизни и ги реализиравме нашите шанси кои ги имавме при резултат 0:0. Имавме многу убави шанси да го отвориме резултатот и тогаш се ќе беше поинаку, а од друга страна направивме неколку големи грешки кон крајот на натпреварот“, изјави Мануел Нојер.
Германија во вторник ја чека тешко гостување кај актуелниот светски шампион Франција, дуел кој ќе биде многу важен за Бундес тимот.