Дефанзивецот на Јувентус, Андреа Барзали вели дека сегашниот состав на „старата дама“ е најсилниот гледано во историјата на тимот.
Искусниот фудбалер додаде дека со доаѓањето на Кристијано Роналдо драстично се зголемиле шансите за освојување на Лигата на шампионите. Барзали се пресели во Јуве во 2011 година кога го напушти Волфсбург.
„Се надеваме дека Роналдо ќе ни го донесе трофејот. Ја започнавме сезоната одлично и покажавме тимски дух. На хартија ова е најсилниот тим на Јувентус. Со доаѓањето на Кристијано Роналдо, титулата во Лигата на шампионите се претвори од сон во реалност” – изјави играчот на Јувентус.