Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, вели дека трансферот на Алексис Санчез во редовите на „црвените ѓаволи“ бил едно големо промашување.
„Знам дека има квалитети, но, никогаш не го гледав како играч на Манчестер Јунајтед. Малку е себичен, некој кој сака да игра само за себе“ – вели легендата на клубот со напомена дека Чилеанецот не е единствениот на кого му треба повеќе време за адаптација.
„Имам чувство дека сите играчи кои сега ќе дојдат во Јунајтед се мачат. Дури и да дојде Лионел Меси, мислам дека и тој би се мачел во сегашниов тим“ – потенцирал Сколс.