Нигерискиот напаѓач од екипата на Ватфорд, Одион Игало изјави дека се уште не се откажал од настапите за селекцијата на Нигерија, и покрај бројните закани, па дури и смртни, кои кон него беа упатени по елиминацијата на „Супер Орлите“ од Мундијалот во Русија.
„Навивачите сакаат Нигерија да победува, а од мене како напаѓач да постигнам голови. Ги разбирам. Беше болно, но не доволно за да ме откаже од националниот тим. Тоа е вистинско лудило што некои од нас го преживеаја, но јас не се откажувам од дресот на мојата земја“, изјавил Игало.