Златан Ибрахимовиќ може сензационално да го засили Реал (М) оваа зима. Ова е веста која денеска осамна во дел од англиските интернет изданија.
Тимот кој има исклучително големи проблеми со голгетерската форма по заминувањето на Роналдо, може да се одлучи на овој чекор и да го доведе искусниот Швеѓанец во својот тим на одреден период.
Се претпоставува дека Реал ќе оди на варијантата да го добие Ибра на позајмица, но не е исклучена опцијата ако искусниот голгетер се вклопи во тимот да доби и понуда за подолг ангажман.
Ибра веќе покажа во Јунајтед дека кога е здрав и во форма има клучно значење за тимот.