Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Европскиот првак Ѓоргиев на прием во АМС
    Домашен микс

    Европскиот првак Ѓоргиев на прием во АМС

    sasoBy saso22/10/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија на Европското кик бокс првенство за сениори во Братислава, Словачка, отпатува со тројца натпреварувачи, а се врати со два медали – златен и бронзен, што е огромен успех. Димитар Ѓоргиев стана европски шампион во лоу кик, а Бобан Илиоски го освои бронзнениот медал во К1.
    По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, организираше прием за кик боксинг тимот предводен од стручните лица, на чело со селекторот Дејан Митровски.

    „Македонија споредено со Турција со 53 натпреварувачи, Русија со 35, Хрватска со 34, Италија со 34 и останатите држави со исто така повеќе натпреварувачи од нас, а ние со само тројца кикбоксери од ова Европско првенство се враќаме со два медали (златен и бронзен). Резултатот на нашиот тим е за почит и пофалба, но во исто време и наше оправдание кон Агенцијата за млади и спорт на РМ за целокупната помош и поддршка која ни ја дава за реализација на нашите спортски активности, настапи и квалитети. Кик бокс мај тај федерацијата на Македонија упатува апел за понатамошна уште поуспешна соработка со АМС и нејзина финансиска помош и заложба на вакви престижни натпреварувања да оди нашата репрезентација во што поголем број. Така ќе носиме и повеќе медали, бидејќи Македонија има борци кои се сериозни претенденти за медал и им парираат на сите натпреварувачи од другите држави кои се поголеми и поразвиени, а имаат и поголеми финансиски можности да ги поддржат своите борци“, истакна селекторот Дејан Митровски.

    „Во рингот борецот сам се бори за славата и победата на својата земја, без оглед колку е јака и моќна државата од која доаѓа другиот противник. Знамето го подига победата на борецот, не моќноста на неговата земја, а гордоста ја ужива, се гордее и ја слави неговата држава. Победата на Димитар е и наша победа како тим. Победа на сите наши поддржувачи и помагатели, и победа на нашата Македонија. Да бидеме сложни како во спортот, така и на секое друго поле, кога се работи за националните интереси и иднината на нашата една и единствена Република Македонија“, додаде Митровски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.