Фудбалерите на Јувентус утре ќе му гостуваат на Манчестер Јунајтед во дербито на 3 коло во Лигата на шампионите.
Италијанците денеска заминаа за Англија а во нивната експедицијата очекувано ги немаше: Марио Манџукиќ, Сами Кедира и Емре Чан. Затоа пак, екипата на „старата дама“ ја предводеше Кристијано Роналдо кој утре ќе се појави на неговиот некогашен стадион – „Олд Трафорд“ на кој помина 6 сезони.
Јувентус денеска ја објави листата на играчи кои треба да настапат на мечот во Манчестер. На неа се: Шчесни, Де Шиљо, Кјелини, Бенатиа, Пјаниќ, Роналдо, Дибала, Даглас Коста, Алекс Сандро, Матуиди, Барѕаљи, Квадрадо, Кин, Бонучи, Кансело, Пинсоглио, Перин, Ругани, Бентанкур и Бернардески.