Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ЛШ денеска ќе доминира на фудбалски план
    Фудбал

    ЛШ денеска ќе доминира на фудбалски план

    dinoBy dino23/10/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска се отвора третото коло во најсилната фудбалска конкуренција на стариот континент – Лигата на шампионите. Во групата „Е“ холандскиот Ајакс ќе го пречека составот на Бенфика. Мечот на „Јохан Кројф Арена” ќе биде добра можност за домаќините да прокнижат нови три бода и да ги зголемат шансите за пласман во фазата на елиминации. Португалците најавуваат дека нема да излезат со бело знаме. Во вториот меч, германскиот Баерн Минхен ќе гостува кај АЕК во Атина. Гостите се фавортии на хартија, но, тоа ќе треба да го докажат на тешкиот терен во Грција.

    Во групата „Ф“ екипата на Шахтхор Донецк ќе му биде домаќин на Манчестер Сити кој не смее да си дозволи нова грешка бидејќи има еден пораз, Украинците по двете нерешени средби се надеваат на првата победа. Во вториот меч, германскиот Хофенхајм ќе се сретне со Лион (Франција).  Фудбалерите на Рома и на Реал Мадрид вечер треба да имаат лесна задача во групата „Г“. Италијанците ќе го пречекаат тимот на ЦСКА Москва додека „кралевите“ ќе и бидат домаќини на Викторија Плзен.

    Во групата  „Х“ мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Јуве ќе биде посебен за Кристијано Роналдо. Португалецот ќе се врати на теренот на кој има поминато цели 6 сезони. Во сенка на тој меч, ќе биде пресметката во Швајцарија меѓу Јанг Бојс и шпанската Валенсија.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.