Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, го продолжи договорот со шпанскиот состав Леванте.
Неговите блескави партии а посебно головите по слободните удари, на некој начин ги натераа челниците на тимот да му понудат нова соработка и да ја зголемат двојно неговата откупна клаузула која досега изнесуваше 25 милиони евра.
„Енис Барди и Леванте постигнаа договор за продолжување на соработката за две дополнителни сезони со опција за уште толку плус. Македонецот стигна во нашиот клуб во 2017 година и веднаш стана еден од клучните играчи, постигнувајќи девет гола“ – објави Леванте на неговиот официјален сајт.

