Актуелниот европски клупски шампион, Реал Мадрид, успеа да ја прекине серијата од пет средби без победа откако доцна синоќа славеше на домашен терен против Викторија Плзен со 2 спрема 1 во рамките на 3 коло во Лигата на фудбалските шампиони. Задоволството кај „кралевите“ не го криеше Касемиро.
„Сега треба да ни се врати самодовербата и да го заборавиме лошиот период. Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека не играме добро, но, потребна е доверба во играчите и тренерот. Ќе работиме напорно за да ја надминеме ситуацијата“ – вели Каземиро кој се насочи и на неделното „Ел Класико“.
„Реал секогаш размислува за победа. Знаеме дека ќе биде тешко на „Камп Ноу“, ќе одиме таму за да победиме“ – изјави играчот на „кралевите“.

