Португалскиот стратег на клупата на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурио, вели дека вчерашниот пораз на неговиот тим од Јувентус во Лигата на фудбалските шампиони не е изненадување бидејќи италијанскиот тим го гледа како еден од фаворитите за освојување на титулата.
Составот од „Чизмата“ кој победи со 1 спрема 0, воодушеви со играта во дефанзивата на што не остана рамнодушен и „специјалниот“ кој гo пофали тандемот стопери во противничкиот табор.
„Мистер Кијелини и Мистер Бонучи можат да држат предавања на Харвард како треба да играат централните дефанзивци. Tие двајца се фантастични фудбалери, вонземјани“ – изјави Мурињо веднаш по мечот на „Олд Трафорд“.
