Бразилскиот фудбалер Марсело по вчерашната победа на неговиот Реал Мадрид против Викторија Плзен со 2:1 во 3 коло во Лигата на шампионите, беше крајно изнервиран од прашањето дали тренерот Лопетеги ќе остане и за големото дерби на Шпанија закажано за в недела кај Барселона.
„Лопетеги ќе биде со нас и на Камп Ноу. Тој работи одлично а вие новинарите постојано зборувате за некаква криза. Изгледа дека сте љубоморни бидејќи не знаете да играте фудбал“ – одговори луто Бразилецот кој беше прашан дали ќе остане во тимот бидејќи се појавија шпекулации дека може да замине во Јувентус.
„Не сум слушнал ништо за било каква понуда, не постои поголем мадридиста од мене“ – категорично одговори Марсело.
