Во текот на денов ќе се реализираат последните мечеви од третото коло во Лигата на фудбалските шампиони.
Првите средби ќе започнат во 18.55 часот. Бриж ќе биде домаќин на Монако а ПСВ ќе го пречека Тотенхем. Од 21.00 часот ќе играат: Барселона-Интер, Борусија Дортмунд-Атлетико Мадрид, Галатасарај-Шалке, Ливерпул-Црвена Ѕвезда, Локомотив Москва-Порто и ПСЖ-Наполи. Денешните средби во фудбалската елита на Стариот континент можете да ги следите во специјализирани термини низ програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.
Вчера пак, беа одиграни осум средби. Еве ги комплетните резултати: АЕК-Баерн Минхен 0:2, Ајакс-Бенфика 1:0, Јанг Бојс-Валенсија 1:1, Рома-ЦСКА Москва 3:0, Хофенхајм-Лион 3:3, Манчестер Јунајтед-Јувентус 0:1, Реал Мадрид-Викторија Плзен 2:1 и Шахтјор-Манчестер Сити 0:3.

