Наполи од гостувањето во Париз се враќа со освоен бод, а тренерот на тимот Карло Анчелоти имаше измешани чувства по нерешените 2:2 на „Паркот на Принцовите“ во Лигата на шампионите.
Тој беше многу задоволен од настапот на неговите играчи, но жали што на крајот ја испуштија победата, откако двапати ведеа на овој натпревар.
„Не успеавме да победиме, но среќен сум поради нашето претставување, сепак лут сум што дозволивме да примиме гол во 93-та минута. Ди Марија успеа да ја испрати топката во аголот на последната минута, тоа се случи тпогаш кога веќе мислевме дека се е завршено. Сепак мислам дека вториот меч ќе биде одлучувачки за нас за пласман понатаму, ќе играме дома, што ќе биде дополнителен бонус за нас”, истакна Анчелоти.
Наполи играше одлично имаше многу шанси кои не ги реализираше, а Дрис Мертенс ја погоди и пречката на ПСЖ.
„Имавме повеќе слободен простор, но моравме да бидеме попрецизни во финалната фаза, а бевме многу деконцентрирани, особено на крајот на полувремето”, додаде Анчелоти.

