Фудбалерите на Арсенал, Начо Монтреал и Сеад Колашинац, најверојатно ќе мора да го пропуштат неделниот меч со Кристал Палас кој треба да се одигра во рамките на 10 коло во Премиер лигата на Англија.
Двајцата добија поштеда од тренерот, Унај Емери и за денешниот меч во Португалија против Спортинг Лисабон во рамките на новата рунда во Лигата на Европа.
Во редовите на „топџиите“ за неделниот дуел на теренот на Кристал Палас, не влегува во комбинација капитенот, Лоран Косчелни, кој по тешката повреда полека се враќа во тренинг процес.

